Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека доколку внимателно и често се мијат рацете, тогаш ракавиците апсолутно не се неопходни за носење.
Филипче појасни дека ракавиците, доколку се носат невнимателно или со нив се манипулира околу прекривката или маската за устата и носот, тогаш можат да го пренесат вирусот.
„Во однос на ракавиците, апсолутно е битно прашање. Доколку се внимава и не се манипулира околу устата и носот и со маската, и доколку често се мијат рацете во долго времетраење од дваесетина секунди, сметам дека апсолутно ракавици не се неопходни.
Заради тоа што и ракавици доколку се носат и невнимателно се манипулира околу прекривката на устата, носот или маската, тогаш може да се пренесе вирусот“, рече министерот Филипче во одговор на прашање.
Според Филипче, само маската, односно заштитна опрема за лицето и ностот останува како неопходна.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче за „чудниот случај“ во Куманово: Тестовите во Институтот за јавно здравје се одобрени од СЗО
Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба
Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот