еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Рано е да се зборува за избори

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека од почетокот на епидемијата со корона вирусот не дискутирале за одржување на избори.

Смета дека е премногу рано да се зборува за дополнително олабавување на мерките и за организација на настан, како што се на пример изборите.

„Се уште сме во фаза во која што сите болнички капацитети во нашата земја и на матични лекари исто така се на еден начин во приправност, во смисла на тоа и одложување на хроничните случаи итн.

Заради тоа што тргнавме од оние најцрни сценарија што ќе биде ако ни се случи нешто што се случи во Италија или во одредени делови на Шпанија“, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Во овој момент, како што рече, ситуацијата е апсолутно иста, се уште е целокупниот здравствен систем под наредба за мобилизација и по потреба било кој вработен здравствен работник да може да биде ротиран на кое било инфективно одделение.

„Мислам дека ова се одлични резултати, но исто така сметам дека е премногу рано да зборуваме за какво било друго дополнително олабавување на мерките и согласно на тоа каква било организација на настан, како што се на пример изборите.

Еве, фокусирани сме на тоа како сега се почитуваат мерките. Па фокусирани ќе бидеме овие ден до два како ќе биде организиран следниот викенд. Значи, апсолутно рано е се уште да предвидиме било што такво“, посочи Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Ќе предложиме од утре да се санкционира неносење заштитна опрема

Дерковски: Уставниот суд да го поништи решението за избори, па Џафери да распише нови

По лабавиот полициски, жесток политички час: Ќе има ли избори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ ги оцени изборите како слободни и демократски

Редакција

Вчера се вакцинирале 14.976 граѓани, интерес за вакцинација досега изразиле 318.793 лица

Редакција

Денеска пресуда за случајот „Топлик“, во кој првообвинет е Миле Јанакиески

Редакција