Министерот за здравство Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ „8 Септември“ и со директорот на болницата Христијан Костов.
„На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ „8 Спетември“ во моментов се лекуваат 100 пациенти со Ковид-19, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури.
Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот,“ се вели во соопштението.
Денеска, 40 хирурзи од ГОБ „8 Септември“ најавија дека од понеделник ќе прекинат со извршување на операции, освен оние во животозагрозувачка состојба, бидејќи од шест операциони сали функционираат само две и не се задоволни од организацијата на работата од страна на директорот Костов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ