Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче за протестите за мерките за невакцинираните граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во статусот, Филипче наведува дека на многу места во Европа веќе е секојдневие да се бара сертификат за влез на масовни настани и во угостителски објекти.
– Тоа никој не го смета за дискриминација, туку за одговорност и заштита на јавното здравје. Верувам дека никој не сака, ова да трае вечно. Иако новите соеви носат неизвесност, сепак искуствата од земјите каде има висок процент на вакцинирани лица потврдува дека вакцините се ефикасни и за новите соеви.
Друго оружје против вирусот немаме и силно верувам дека сите ова ќе го разберат што поскоро, за да можеме да ја вратиме слободата и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските, вели Филипче.
Посочува дека фактот што дури 90 проценти од новозаразените во земјава во последната недела се невакцинирани, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините.
– Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни. Преку 1.000.000 дадени дози кај нас, без посериозни компликации или несакани ефекти кај ниту еден граѓанин, се непобитен доказ за нивната безбедност.
И покрај овие цврсти аргументи за вакцинацијата, таа останува доброволна. Секој кој се обидува да прикаже дека се врши наводна присилна вакцинација ја манипулира јавноста. Никој не е присилен на ништо, обврска на државата е да го штити јавното здравје и да носи мерки, пишува Филипче.
Обраќајќи им се на оние граѓани кои се двоумат или одбиваат да се вакцинираат, Филипче со порака до нив да им веруваат на стручните лица и на оние кои имале искуство со вирусот.
– Заболувањето носи голем ризик, а вакцините го намалуваат тој ризик и до 20 пати. Разговарајте со луѓе кои за жал вирусот го поминале тешко, нека ви го раскажат искуството.
Разговарајте со неколку доктори, медицински сестри во болницата каде живеете, нека ви споделат неколку приказни од нивното работно секојдневие. Вакцинацијата е единствен начин да се вратиме во нормала, вели Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Чадиковски: Чувањето на јавното здравје не е дискриминација!
Фото: МЗ