еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и единаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Годинава, доделени се 40 нови стипендии на 12 студенти на Фармацевтскиот и 28 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2018/2019 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии. Во составот на комисиите влегуваат претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, во висина од 1.200 евра во денарска противвредност. Годинава, еднократна парична награда ќе добијат: Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,78 и Марија Тодоровска од Медицинскиот факултет, со просек 9,83, кои се и досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во насока на исполнувањето на начелата за општествена одговорност, работењето на Фондацијата за компанијата ‘Алкалоид’ и за мене лично, претставува особена гордост. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“, изјави  Живко Мукаетов, Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени во печатените медиуми, а Извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпишување договори за стипендирање.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје во мај 2007 година. Фондацијата има за цел стипендирање, донирање и финансирање талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области. Досегашните проекти претставуваат доказ за остварување на заложбите на Фондацијата за поддршка на фармацијата, медицината и науката, пред сѐ преку поддржување на млади, амбициозни кадри кои својата кариера ја посветиле на овие дејности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 11 години, компанијата Алкалоид вложила 1,35 милиони евра во стипендирање лекари и фармацевти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седуммината повредени кои се во болница во Пирогов се во стабилна состојба, вели Филипче

Редакција

Parfois лансира нов хибриден часовник за следење на дневната физичка активност

Редакција

Пуцко петрол склучи договор вреден 2,3 милиони евра со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

Редакција