еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) 10 полицајци повредени при претрес во Идризово

Денеска полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога, информираа од МВР.

-При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Фото: МВР/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 40 илјади Грци дојдоа на концерт на кој се собираа пари за правни услуги за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Темпи

Редакција

И така СЈО од Титаник, Тортура, Траекторија… до ТАПА“: Твитер за новото законско решение за СЈО

Редакција

(Фото+Видео) Чулев не е повеќе министер за внатрешни работи, должноста му ја предаде на Агим Нухиу

Редакција