ABC by Mosh е старо-ново „тренди“ место за излегување во Скопје, кое што, се повеќе е популарно.
Зошто старо-ново?
Бидејќи станува збор за старото добро познато АБЦ (спроти гимназијата Орце Николов), но овој пат во ново руво. Името Мош му е додадено, бидејќи е во сопственост на газдите на веќе добро-познатиот ресторан Мош.
Стариот објект е урнат, а на негово место е изграден нов, со поголема квадратура, а сменет е изгледот и на дворното место. Тениските терени се задржани.
ABC by Mosh нуди и храна, и е одлично место за посета во секој дел од денот, бидејќи функционира како градина, ресторан и бар.
Отворен пред точно еден месец, ABC by Mosh е домаќин и на голем број на корпоративни настани.
Фото: emagazin.mk/Фејсбук/ABC by Mosh
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.