еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Џафери и новинарите ѝ посакаа на Мира Костиќ мирни пензинерски денови

Доајенот на македонското радио-новинарство Мира Костиќ на новогодишната прослава кај собранискиот спикер Талат Џафери, се збогуваше со нејзината тридецениска професионална кариера известувач од Собранието.

Џафери пред неполн месец и врачи Признание за нејзината долгогодишна работа, синоќа пак, и подари врамена фотографија.

Костиќ истакна дека ваква чест не и била укажана од ниту еден од собраниските спикери и се заблагодари на тридецениската соработка. На пратениците им порача да работат за интересите на народот и им посака уште поуспешна година.

Новинарката Костиќ беше испочитувана и од нејзините колеги. Таа на 27 декември полни 67 години и оди во пензија. Целиот свој тридецениски стаж го помина како собраниски известувач. Синоќа, веројатно ја зема и последната изјава од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Костиќ е добитник и на наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен, рочиштето одложено

Редакција

Струјата во првата половина на 2022 година ќе поскапи: ЕСМ понуди струја за 13,6% повисока од сегашната

Редакција

Османи, Рау и Линде на средба со украинскиот колега Кулеба, на полско-украинската граница

Редакција