еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Чисти езера и нови катчиња во Зоолошка градина во Скопје

Изминатиот период, вработените во Зоолошка градина Скопје, секојдневно работеа на чистење на езерата, како и уредување на нови зелени катчиња.

По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка.

Беа засадени и преку 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини како и повеќе видови цвеќиња.

Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш во Зоолошка, имаше рекордни 18.000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12.000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“, изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец добил удар од колега сред полициската станица во Штип

Редакција

Цариник дел од меѓународна криминална група која криумчарела загрозен вид јагула

Редакција

(Фото) Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошка градина Скопје

Редакција