Фотографии од кои може да се види дека чуварите во затворот Шутка употребиле физичка сила врз Јане Ченто, обвинет за настаните во македонското Собрание од 27 април лани, се споделуваат на социјалните мрежи.
Од затворот на тоа одговорија дека кај него биле пронајдени недозволени предмети.
„Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто“, соопштија од Истражниот затвор Скопје.
Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор.
Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.
Како што додаваат со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство има црвенило врз кожата, без посериозни последици.
Сепак, друго прашање е како затворските служби воопшто дозволиле кај Ченто да има забранети предмети.
МИА/Фото:Твитер/Оливер