еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) „Да не го гори јорганот, за неколку болви“: Порака од „Огнената група“ на ДУИ до Ахмети

Потпретседателот на ДУИ и еден од членовите на „Огнената група“, Изет Меџити синоќа од Студеничани му порача на лидерот на партијата Али Ахмети дека го поддржуваат, но, како што посочи, „да не го гори јорганот, за неколку болви“.

„Реализацијата и ефикасноста на нашата извршна власт во Владата е под два проценти. Ја поддржуваме евроатлантската насока на Владата, не само со изјави, туку и со конкретни акции, како што беше поддршката во критичните случаи, вклучително и вредниот придонес на Кастриот Реџепи.

Бараме одговорност од извршната власт за нивната неефикасност. Бараме рефлексија внатре во партиските органи, да се корегираме додека не не исправи (корегираат) граѓаните. Ние сме непоколебливи во поддршката за нашиот лидер Али Ахмети, но праќаме порака „да не гори јорганот за неколку болви,“ напиша Меџити на „Фејсбук“.

На средбата со граѓани во Студеничани присуствувале и Кастриот Реџепи, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Невзат Бејта и Муса Џафери.

„Огнената група“ има забелешки на работата и функционирањето на партијата, особено на Артан Груби, поради што минатата година испрати писмо до лидерот на партијата. По ова Груби беше сменет од партиската функција – организациски секретар. Со средбата во Студеничани започнуваат средбите со граѓани и членови на ДУИ.

МИА/Фото: Фејсбук/Меџити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стефче ако гарантира со имот може пола Шутка да ја извади на слобода„: Твитер реакции за апсењето на Јакимовски

Редакција

(Фото) Софтверот е набавен со одлука на Влада, премиерот беше запознаен со набавката, велат од правниот тим на Рашковски

Редакција

ССНМ: Слободни новинари, слободно општество

Редакција