еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Дел од фасада на зграда паднал во близина на Министерството за правда

Дел од фасада на зграда паднал кај „Тобако Жак Мар“ во близина на Министерството за правда, a нема повредени лица.

Случајот е пријавен преку Единствениот број за итни случаи 112. Оттаму информираат дека потенцијална опасност претставува уште еден дел од фасадата.

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Скопје ја информирал Општина Центар од каде информирале дека се излезени на терен.

– Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фададата што почнала да паѓа, се вели во соопштението од ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река

Редакција

(Фото) Филмски сцени кај Рача: Стружанец и бегал на полицијата со 50 килограми марихуана во автомобилот

Редакција

40-годишен маж од Скопје ја убил мајка му и баба му

Редакција