еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Димитров прими „бустер“ доза: Чисто да се знае, не сум во возрасната група за која посебно се препорачува

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, прими трета доза од вакцината против Ковид-19.

„Во речникот што го создаде пандемијата, моментално најактуелен збор е „бустер“ што мислам дека е најблиску до значењето на еден друг збор, инаку често употребуван во контекст на ЕУ – „поттик“.

Надминувањето на сериозни предизвици бара соодветен поттик, затоа денес одлучив да примам трета доза вакцина против Ковид-19.

Чисто да се знае, не сум во возрасната група за која посебно се препорачува,“ напиша Димитров на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Влада/Фејсбук/Димитров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата дама се огласи со апел за лажниот профил: За побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања

Редакција

Со магнетна стимулација до безболно заздравување на атрофираните мускули

Редакција

За викендот сончево и топло, со температура и до 20 степени

Редакција