еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) ДУИ како пример за кратенка во учебник по албански јазик за петто одделение

Владејачката партија ДУИ е ставена како пример за кратенка во учебник по албански јазик за петто одделение.

Во лекцијата каде што учениците учат како правилно да пишуваат кратенки на земји или организации чии имиња се состојат од повеќе зборови, меѓу другите, како пример се наведува и кратенката ДУИ – Демократска унија за интеграција.

Како пример се наведени и РСМ (Република Северна Македонија), САД (Соединети Американски Држави), МОН (Министерство за образование и наука) и ООН (Организација на Обединетите нации).

Учебникот е издаден годинава. Негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е Министерството за образование и наука, со кое раководи кадар на ДУИ, Јетон Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за влегувањето на ДУИ во учебник по албански јазик, како пример за кратенка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами е стабилна личност и не очекувам големи пресврти во БЕСА за комплетно да се приклучи кон опозициското мнозинство, вели Трајанов

Редакција

Силна профитабилност на ОКТА поттикната од остварувањата на извозниот пазар кои ги надминаа очекувањата, и покрај падот на меѓународните цени

Редакција

(Фото) Сопругата на Пендаровски, која е стоматолог се вакцинираше против Ковид-19

Редакција