еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Есенски раскош во еден од најживописните предели на Македонија

Патот Маврово-Дебар е еден од најживописните предели за возење. Природата овде е убава во секој дел од годината, но е нешто посебно на есен.

Безброј нијанси на жолто, црвено, кафеаво… природно хортикултурно уредување какво што само природата може да создаде.

Возите, па ќе подзастанате, но камерата не може да долови сето она што окото го гледа во тој момент.

На секоја следна кривина, ве пречекува нова глетка и која предизвикува воодушевување.

По пат можете да ги посетите не помалку живописните села Жировница, Ростуше, Битуше, Велебрдо, Јанче.

Задолжителна дестинација е и Св. Јова Бигорски, исто толку раскошен како есенскиот раскош.

По пат е и водопадот Дуф.

Доколку сте љубител на подолгите релации, преку Дебар се стигнува до Струга од каде што почнуваат други убавини за посета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин, од таму најавуваат жалба пред Врховниот суд и Стразбур

Редакција

(Галерија) Маркантниот лик Мухамед Енуз снимаше за MM Scene Magazine

Редакција

Наместо на инвестиции, 2019. стана година на „Рекет“

Редакција