еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Германската компанија „Герешајмер“ го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика, која ќе се протега на 12.500 метри квадратни.

Изградбата се очекува да биде завршена до крајот на првата половина на идната година, а првите производи наменети за фармацевтската и медицинската индустрија се очекуваат во почетокот на втората половина на 2020 година.

Проценка на компанијата е дека со оваа инвестиција ќе бидат отворени околу 400 работни места.

Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа.

„Герешајмер“ постои од 1864 година, има 40 фабрики во 15 држави во светот, има 10.000 вработени и промет од 1,4 милијарди евра.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои акции на Македонската берза во мај имаат најголем раст и пад

Редакција

Кој ќе го лапне тендерот на Министерството за здравство за набавка на гориво?

Редакција

ЕВН Хоме ја прифати понудата на ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85% од потребите, за останатите 15% добила високи цени

Редакција