еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Голем пожар ја зафати Гоцева шума кај Неготино, испратен авион на ДЗС за гаснење

Гори Гоцева шума кај Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари, а помош има и од пожарникарите од Кавадарци, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Градоначалникот изјави дека е на лице место, но засега не може да се каже кои се причините за пожарот.

Тој појасни дека изгорел дел од зимзелената шума, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Центарот за управување со кризи објави дека на местото испратен е авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој што се очекува во секој момент да полета кон боровата шума.

Доколку состојбата со пожарот се влошува, ќе полетаат и двата хеликоптери на МВР.

МИА/Фото: МИА/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ

Редакција

(Видео) Родители не знаат каде им се децата настрадани во пожарот во Кочани, ги бараат по социјалните мрежи

Редакција

Претреси во Арачиново: Откриени 1,5 килограми хероин, хашиш, марихуана…

Редакција