еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Има и полесно повредени граѓани: Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дождот го поплави и Ист Гејт, молот затворен

(Видео+фото) Невреме со град во Скопје поплави улици и дворови, искрешни и дрвја

Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.

Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.

Во Скопско се поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати се покриви од згради, има паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили…

– На улица „Киро Крстевски“ бр. 3 пријавено е дека покрив на петкатна зграда е оштетен, и дека за тоа се известени надлежните од Општина Кисела Вода и Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, соопштуваат од Центарот за управување со кризи за МИА.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марјан Митовски на местото на Златко Перински во ЈП Водовод и канализација Скопје

Редакција

Професор Дејан Трајковски: Изгледа се нормално, но можеби мутацијата на Ковид-19 тивко се размножува и може да се случи катастрофа

Редакција

Убава вест: Оздравени 111 заболени од Ковид-19

Редакција