Хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот светски бренд, од 1 јануари, официјално почна со работа и ги пречека првите гости (види фото).
Хотелот има на располагање 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, Euphoria Welness & SPA модернен спа и фитнес центар од 1.400 м2, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и најмодерната Life Fitness опрема за вежбање, шест конференциски сали, една сала за свечености Diamond Ballroom и три ресторани.
Хотелот располага и со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила.
Колку чини ноќевање?
Доколку денеска (4 јануари, 2019) букирате двокреветна соба преку booking.com во „DoubleTree by Hilton Skopje”, за една вечер, тоа ќе Ве чини 6.240 денари.
Хотелот е лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, a објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.
Хотелот нуди исклучителен панорамски поглед на Скопје, а за беспрекорен престој на гостите, се грижат близу 200 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Хилтон“ во Скопје се отвара на 1 јануари, првиот гостин ќе биде Грк
Фото: Фејсбук/DoubleTree by Hilton Skopje