еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Лажни СМС пораки ги известуваат граѓаните дека се добитници на награда од компанијата „Макпетрол“

„Макпетрол“ АД Скопје ја информира јавноста и надлежните институции дека е забележана активност на непознат субјект кој претставувајќи се лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда.

„Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна секогаш со вас“.

Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб страни на компанијата и програмата за лојалност Верна, www.makpetrol.com.mk и
www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна, секогаш со вас“ која се емитува на ТВ Телма.

Дополнително, после секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол центар на компанијата. „Макпетрол“ АД Скопје веќе го пријави случајот кај надлежните институции, а ги советуваме граѓаните доколку добијат вакви или слични смс пораки да го сторат истото и да не ги земаат за релевантни,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемена смртноста во Македонија: Лани починале 20.446 лица, од нив 112 доенчиња

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Пановски: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Редакција

Кого и што славиме на Божик?

Редакција