еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонската Армија слави 29 години постоење

Македонската Армија денеска обележува 29 години постоење.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.

Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес заедно со армиите на уште 29 земји е составен дел од најголемиот колективнен безбедносен систем откако Македоонија во март минатата година стана 30 полноправна членка на НАТО.

Во рамки на денешната свеченост, орден за воени заслуги добија сите македонски мировници кои беа во мисијата во Авганистан.

Беа доделени и медали од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор, Грегори Најт.

Медал за истакната служба на државата Вермонт доби министерката за одбрана Радмила Шекеринска за извонредни постигнувања во изминатиот период, а медал за заслуги доби генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Признанија од началникот на ГШ на Армијата им беа врачени на министерот за здравство Венко Филипче, директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ, директорот на ГОБ „Осми Септември“ – Скопје, Христијан Костов, директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, командантот на баталјонот за воено – медицинска поддршка потполковник Елизабета Наумовска Петрески.

Беше доделена Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка на персоналот од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје, д-р Илир Демири, д-р Крсто Гроздановски, д-р Билјана Петреска, медицинската сестра Мамудије Ибраими и новинарот од МТВ Милчо Велевски.

Од Шекеринска беа доделени признанија запосебно и пожртвувано ангажирање и квалитетно извршување вонредни задачи заради отстранување на последиците од елементарните непогоди предизвикани од огнените стихии што ја зафатија земјава.

Со Плакета на МО е наградена Командата за операции, а благодарници добија Град Скопје, Министерството за култура, Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје, МНТ, јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Водовод и канализација“…  Пофалени беа повеќе наредници, доктори и повеќе медицински лица….

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Вила Двор“: Одлично место за престој во Охрид

Редакција

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Редакција

САД го одбија предлогот на Путин за укинување на санкциите кон Русија

Редакција