еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) „Макпетрол“: Граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на Фејсбук

На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“, информираат од компанијата.

Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат лажната страница, ќе ја споделат истата и ќе остават коментар.

– Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена“, како и еден официјален Facebook профил, „Макпетрол Ultra“.

Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб-страници на компанијата и програмата за лојалност „Верна“, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна – Една и единствена“ која се емитува на телевизија „Телма“.

Дополнително, по секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол-центар на компанијата, истакнуваат од „Макпетрол“.

Компанијата веќе го пријави случајот кај надлежните институции, а ги советуваме граѓаните доколку наидат на вакви или слични лажни наградни игри да го сторат истото и да не ги земаат за релевантни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена понуда за преземање: Градежниот институт Македонија сака да купи 63.992 акции од Фабрика Карпош за 489.000 евра

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 1,4 милиони евра

Редакција

ЕДС Инфо Поинт: Просечната цена на струјата во декември повисока за 145 евра во споредба со претходниот месец

Редакција