еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Мицкоски постреферендумски се сретна со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со политичките партии од коалицијата За подобра Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

“На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за референдумот, како и за периодот што престои.

Коалицијата За подобра Македонија оцени дека договорот на Заев со Грција е отфрлен од граѓаните кои јасно и недвосмислено се изјаснија против на референдумот, оние кои гласаа против и оние кои апстинирајќи одлучија да не го поддржат.

Власта воедно доживеа дебакл и го загуби легитимитетот од народот. Таквата порака од граѓаните треба задолжително да ја следи и почитува Владата, политичките партии и Собранието заедно со сите народни парламентарни претставници.

Изигрувањето на волјата на граѓаните би преставувало замирање и поништување на демократијата.

Коалицијата за Подобра Македонија ги осудува сите нерегуларности присутни при референдумското изјаснување организирано од власта. Се осудуваат чиновите на евидентно полнење на кутии, притисоци, закани и уцени на администрацијата, групно гласање, лажното преставување, вознемирување на приватните телефонски броеви на членови на опозицијата од страна на организирани кол центри, зад кој постои основано сомневање дека стои токму СДСМ и редица други неправилности. Дури и со вакви брутални притисоци Владата не успеа да го протурка договорот со Грција и доживеа неуспех.

Воедно коалицијата За подобра Македонија посочува дека одговорност мора да има за ваквите нерегуларности и груби злоупотреби кои не смеат да се повторат.

За да се надмине ова, коалицијата За подобра Македонија застанува зад барањата да се формира техничка влада најмалку 100 дена пред изборите, да се избере нов Јавен Обвинител на предлог на опозицијата, како и да се формира посебна собраниска комисија која ќе ги испита и утврди одговорностите за злоупотребите направени при референдумското изјаснување.

Изборниот процес и народната волја не смее да биде украдена.

Политичките партии од коалицијата За подобра Македонија смета дека референдумот е неуспех не само на договорот, туку и казна за сите неуспешни и погрешни политики и неостварени ветувања на актуелната Влада. Македонија со чело на Зоран Заев е земја без иднина„, велат од партијата.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без договор не можеме да ги примиме генераторите, велат од МВР откако бугарските медиуми објавија дека донацијата е одбиена

Редакција

Сите детали: Како да поднесете барање за проценка штета по синоќешниот земјотрес во Битола

Редакција

ЗНМ: Обвинителството да ја отфрли кривичната пријава кон Момировски и Милосављевиќ

Редакција