еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Мицкоски во Будимпешта се сретна со Орбан

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски денеска во Будимпешта остварија средба со премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската владејачка партија, Фидеш Виктор Орбан, информираат од партијата.

Од партијата велат дека средбата со Орбан, била единствена точка на агендата за еднодневната посета на Унгарија, а со него разговарале за актуелната политичка состојба во Македонија, европските перспективи на државата и начините за понатамошна соработка.

Мицкоски, како што велат од партијата побарал од Орбан како член на Европскиот Совет да се заложи во убедувањето на другите шефови на влади на земјите членки на Унијата да и овозможат на Македонија датум за отпочнување на преговори.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И гитаристот на ДНК, Александар Коларов загина во пожарот во дискотеката во Кочани

Редакција

Продолжуваат судењата за „Траекторија“, „Монструм“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Обвинение за Пеце Матевски, поранешниот директор на РЕК Битола и уште девет лица за злоупотреби на тендер

Редакција