еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Министерката за култура Костадиновска Стојчевска, во елегантен фустан од кашмир и свила во Рим, дело на македонскиот дизајнер Папаз

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, почитувајќи ги строгите правила и протокол, на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск носеше фустан и вел, соодветни за овој настан, од македонскиот моден дизајнер Папаз и бисери од Филеви.

– Фустанот е со прикладна должина изработен од кашмир и свила, збогатен со рачно извезена памучна чипка, нанесена низ цела креација. Силуетата е строга и прочистена, истакната со пеплум, а сите детали се минимализирани, појаснува македонскиот моден дизајнер Папаз.

Тој додава дека удобноста и изградениот вкус на министерката биле во фокусот на вниманието при смислувањето на дизајнот.

-Целта беше да се создаде креација која ќе плени со својата едноставност и квалитет. Велот е изработен од свилен жоржет, кој со својата леснотија и провидност дава елегантен ефект и е прикачен за венче изработен од истата чипка која ја има на фустанот, додава Папаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ќерката на премиерот кај Папата Франциск во креација на Тања Кокев

(Фото) Папатата Франциск од Ковачевски доби плоча од Влатко Стефановски

Фото: Влада/Фејсбук/Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавена песната со која Тамара Грујеска ќе не преставува на детската Евровизија

Редакција

(Фото) Нема лабаво: Како Наоми Кембел се штити од корона вирусот

Редакција

Викендов стабилизирање на времето и пораст на температурите

Редакција