еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) МНР се извини: Османи ја пречека колешката Фајон од Словенија, со словачко знаме

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во неговиот кабинет ја пречека колешката од Словенија, Тања Фајон со знамето на Словачка.

Министерството за надворешни работи денеска „изрази длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите.“

„Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста,“ велат од МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застарува и „Талир“, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Видео+галерија) Како се обележа Водици во Охрид: Езерото брануваше, а температурата на водата беше 9 Степени

Редакција

Со геомеханички испитувања на почвата за изградба на автопатот Тетово-Гостивар стартуваше изградбата на коридорот 8

Редакција