Поради силени ветер, камион со македонски регистарски таблички се превртел на автопатот Комотини – Ксанти во југоисточниот дел на Грција, а возачот поминал без никакви повреди, објавија локалните медиуми, пренесе дописничката на МИА од Атина.
Сообраќајната несреќа се случила ноќта меѓу средата и четвртокот, а за да се врати камионот на автопатот, најпрво било повикано кран – возило од Комотини, но било мало, по што пристигнало поголемо од грчкиот град Кавала.
– Според очевидец, за малку ќе се превртеше и втор камион што го следеше првиот, а ветерот го крена на две тркала, пишува информативниот портал „Ин Комотини“.
МИА/Фото: Καιρικά Νέα Θράκης
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.