еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Најдобрите модели за 2022 во Моделс Ин Менаџмент 

Крајот на годината е одличен повод да се сумираат резултатите и да се направи една ретроспектива за да се види кои модели успешно ја одбележиле 2022 година, велат од Моделс ин Менаџмент.

„Секоја модна агенција внимателно ги прати успесите на своите модели на интернационалните маркети и воедно предвидува каде би се пласирале за следната сезона.

Пред самиот крај на годината исто така странските модни агенци обично ги продолжуваат своите договори со матичната агенција на моделите, надевајќи се на нови и атрактивни лица од нивна страна.

Токму затоа Моделс ИН Менаџмент ја направи својата листа на најдобри или најбарани модели кои работеле интернационално за успешни брендови,“ велат од таму.

Елена Реи. Нашиот топ модел одлично ја заокружи годината каде во своето огромно портфолио вклучи одлични кампањи и соработки за Chopard, модниот магазин Shinsegae, како и за реномираната дизајнерка Diane Von Furstenberg.

Ивана Караџова. Интернационалниот модел кој мината година беше на релација Кина – Милано – Турција имаше кампањи за козметичката куќа Axuan, модниот бренд Shеin, како и заштитно лице на L’Oréal.

Татјана Јанушева. Неверојатен пробив за нашиот интернационален модел која работеше по неколку месеци во светските центри за мода – Париз и Милано. Ja изработи кампањата за Miss Sixty, а веднаш потоа следуваа ангажмани за модното списание Колектор Магазин каде ги представи колекциите на Prada и Gucci како и каталог за брендот Sportmax.

Магдалена Георгиевска. За прв пат минатата сезона беше уште еден одличен старт за Меги која ја започна својата модна приказна во самиот епицентар на модата – Милано. Покрај ангажманите за мејкап туториали и шоу румови, Георгиевска имаше фотографирање за модно списание кое ќе излезе дури во февруари оваа година .

Наја Андруха. Мината година беше можеби една од најтешките за интернационалниот модел, заради војната во Украина и огромните последици кои ги почуствуваме сите.

И покрај тоа Наја се покажа како врвен професионалец и ги одработи сите проекти кога престојуваше во нашата земја. Нејзиното огромно искуство во моделингот како на платно го преслика во секој свој ангажман. Комплетната убавина ја надополнува со својата искреност и верба во човештвото.

Додека пак кај момците ситуацијата беше интересна, бидејќи имаше модели кои веќе работеа претходно, но имаше и такви кои се појавија и веднаш беа лансирани во центрите за мода.

Мухамед Енуз. Неверојатниот изглед и големата професионалност му овозможија на нашиот прекрасен модел да изработи фантастични проекти сублимирани во една нецела година. Па така откако ја изработи кампањата за Balmain, веднаш отиде за Милано каде работеше на шоуто за Moncler и на кампањата за новиот парфем на дизајнерот Joni Peci.

Христијан Стојаноски Крис. Долгата и успешна кариера на нашиот интернационален модел му овозможи да работи  на егзотични места и дестинации за кои сите ние сонуваме. Од различните проекти и кампањи кои успешно ги изработи беа и оние за Champion, Polo, како и комерцијалниот каталог за престижниот дизајнер Calvin Kline.

Андреј Пајмакоски. Со самиот почеток на минатата година нашиот убавец престојуваше неколку месеци во Кина каде пропатува од Шангај па се до Гуангжоу. Имаше фантастични проекти и соработки со одлични кинески брендови, а откако се врати работеше во Белград за два тамошни  бренда.

Никола Андоновски. Оваа година Андоновски повеќе беше достапен на Bалканот заради неговите приватни планови и обврски. Но и покрај тоа успешно ја за заокружи годината со кампањата за интернационалниот бренд XYZ, која беше работена на повеќе локации .

Павле Николовски. Со неговата кариера на интернационален модел која трае повеќе од 10 години, Николовски оваа година беше на релација Шпанија – Турција – Дубаи. Меѓутоа сите агенции беа согласни дека сега изгледа најдобро и неговата форма на тело ја довел до совршени пропорции. Покрај иком каталози беше ангажиран и во кампања за наочари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенечкиот претседател Пахор до Пендаровски: Да беа Словенците Бугари ќе немавте проблем

Редакција

Мајка си е мајка: Видео од мечка која скока во Пена кај Бродец за да си го спаси мечето, хит на социјалните мрежи

Редакција

(Вознемирувачко видео) Жестоки напади низ цела Украина, во Киев загинаа најмалку осум цивили

Редакција