еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Илјадници деца во 62 градови ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” најавувајќи го Божиќ

Македонија е подготвена повторно да го има највеличествениот Бадник во регионот, информираат од Бадникови поворки.

„Денеска, 6 јануари (петок) во периодот од 10 до 12 часот во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

Најголемата бадникова манифестација во Скопје започнува точно во 11 часот со мал празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства ќе бидат пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

Водители на настанот ќе бидат мега-популарните детски ѕвезди: Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

После краткиот концерт, ќе се оформи најголемата бадникова поворка што преку Камениот мост ќе тргне кон Соборниот храм каде што сите коледарчиња ќе бидат дочекани и дарувани од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.

Свечени бадникови поворки со стотици деца се организираат и во: Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебарца, Враништа, Ростуше, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци, Василево…

Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни во кои учествуваат локалните ѕвезди и хорчиња.

„Ајде сите заедно да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик заедно и во полн сјај. Да се помолиме, со Христовото Раѓање, во нашите срца да се родат добри дела,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во пресрет на Бадник и Божик, објавена третата верзија на песната „Вечниот Бог“

Фото: Фејсбук/Бадникови поворки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирмите „Арбериа дизајн“ и „Скопје Филм Студио“ за прослава на државни празници и годишнината од Рамковниот ќе заработат над половина милион евра

Редакција

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција, Петер Марки-Зај

Редакција

Кој е Ѓонул Бајрактар, кој доаѓа на местото на разрешената Мизрахи

Редакција