еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) „Зелена“ бизнис-идеја: Свеќа од пчелин восок произведен на падините на планината Плачковица

Рачно изработена свеќа од пчелин восок, произведен на падините на планината Плачковица е третиот производ во краток временски период од стартот на првата еко-платформа beyondgreen.mk, старт-ап кој има за цел да понуди на пазарот одржлива мода, “зелена” убавина и еко-лајфстајл.

Ова покажува дека “зелените” бизнис идеи полека, но сигурно започнуваат и во Македонија.

„Семето кое што го добивате во комплетот е од bee friendly растение. Лавандата и рузмаринот се едни од омилените растенија на пчелите, што значи вашето растение ќе биде храна и за некои нови пчели,“ изјави Теона Манго, основач на оваа он-лајн еко дестинација која овој продукт го развиваше со соработка со уште еден мал бизнис со македонска адреса, The Scent Corner.

Таа појаснува дека саксијата по целосното догорување на свеќата може да се искористи за засадување на семе од лаванда кое го има како додаток на свеќата кога ќе ја купите, со што овој производ ја содржи идејата да се промовира upcycle, односно реупотребување на работи и предмети, како што е во овој случај саксијата од свеќата.

Beyond Green.mk e место каде што животниот стил може да егзистира одговорно, така што ќе може да се ужива во модата, дизајнот, уметничкиот миг и љубовта кон нештата кои ги носиме и користиме секојдневно, на сосем одговорен начин. Тоа се однесува на козметиката, на храната, на домот и на начинот на живот стилски додатоци, кои го имаат епитетот еко.

– Кога некој размислува за започнување на мал бизнис, еко бизнис сметам дека има две предности во однос на другите врсти на претприемништво.

Прво, заштитата на животната средина расте брзо, така што нештата се менуваат и сите ќе бидеме насочени кон далеку поголем пазар. А второ, започнувајќи еко френдли бизнис, чувствувате посебно задоволство, зошто давате свој придонес во правењето на светот да биде подобро место за живеење, додаде Манго.

„Зелените“ бизнис идеи можат да имаат позитивно влијание врз животната средина и заедницата. Се развиваат и опстојуваат во услови кои ги надминуваат регулативите и демонстрираат посветеност на здрава и одржлива иднина. Оваа еко свеќа нека биде убав весник на пролетта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Аутомотив груп за набавка на возила, вреден 815,4 илјади евра

Редакција

Починаа уште 13 лица од Ковид-19, вкупно 3.076

Редакција

Со осмиот концерт на Добрила и Дориан Дуо се затвора циклусот „Светско, а наше“ во Јавна соба

Редакција