Гори голем магацин за детски играчки во близина на штипската приградска населба Три Чешми од кој е зафатен е еден објект.
Пожарникарите со ладење на вториот објект се обидуваат да спречат проширување на пожарот.
Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Дарко Коцев вели дека дојавата ја добиле во 12:35 часот и на терен се излезени со четири возила и 15 пожарникари, а на помош им доаѓаат и пожарникари од Свети Николе и Кочани.
– Пожарот тешко се гасне, бидејќи има силен ветер, но пожарникарите очекуваат дека побрзо ќе го ликвидираат со пристигнувањето на нивите колеги од соседните градови.
Пожарот е настанат од запалено ѓубре во близина на објектот кое поради брзината на ветерот се проширил и на магацинот во кој се складирани пластика и детски играчки.
Се проценува дека штетата е огромна, но таа дополнително ќе се утврдува. Нема повредени во пожарот, додаде командирот на ТППЕ –Штип, Коцев.
МИА/Фото: МИА