еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Официјално отворен Самитот Македонија2025: Најзначајниот бизнис настан во земјата и регионот

Со поздравно обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките зад економскиот успех на тековната администрација на САД, официјално беше отворено седмото издание на Самитот Македонија2025, каде врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.

„Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи, како можности, така и предизвици.

Тоа ќе биде навремен повод нив да ги разгледаме на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал“ – изјави Ентони Б. Ким, Менаџер за истражување, уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Дел од денешните панел-дискусии се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, споредба на стратегиите за привлекување на директни странски инвестиции, како и најдобрите практики на светско ниво.

Максимилијан Ламбертсон – водечки аналтичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, изјави дека економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години.

„Регионот мина низ значителен период на прилагодување по светската економска криза во 2007-2009, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика која поддржува раст. Кај земјите на Западен Балкан во периодот 2018-2022 предвидувме просечен раст на реалниот БДП од речиси 3.3%“ – додава тој.

Имајќи го предвид зголемениот интерес за инвестирање во оваа област, една од темите на Самитот денеска ќе биде и производството на канабис за медицински цели. Исто така, ќе презентираме успешни македонски компании.

Утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.На самитот ќе има повеќе од 15 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за вмрежување и ден за спортски активности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува 11 раководители, плата до 31.340 денари

Никола Осило

Велешки Димко Митрев ја зголеми добивката за 302%

Редакција

Виталиа со 15% раст на извозот во првите 8 месеци од 2018 година

Редакција