еМагазин
Image default
Убава приказна

(Фото) Пациентот со вештачко срце го прослави 46. роденден

Горан Спиров од Штип, пациентот на којшто пред две недели му беше вградено целосно вештачко срце, денеска во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го прослави својот 46. роденден.

Во кругот на најблиските роднини и пријатели, како и тимот на болницата што ја изведе операцијата, Горан на нозе ги прими роденденските честитки. Тој се чувствува добро и заздравува од интервенцијата, којашто е една од најтешките и најкомплицирани во кардиохирургијата.

„Вие сте заслужни што денес го славам мојот роденден со нова сила и елан за живот“, со овие зборови Горан им се заблагодари на докторите и целиот тим на „Аџибадем Систина“.

Операцијата, којашто беше изведена ноќта помеѓу 11 и 12 јули и траеше повеќе од пет и пол часови, комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ.

Вградувањето на целосно вештачко срце, како комплексна кардиохируршка операција, ја вброи Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во самиот врв на светските здравствени установи кои вршат вакви зафати.

Воедно, ова беше огромен чекор и за македонската кардохирургија, со што нашата држава се вброи во малкуте земји во светот каде што се извршени вакви операции. Имено, Македонија влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува овој исклучително комплициран кардиoхируршки зафат, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте го Рептил од другата страна: Посакуван работодавач на силно конкурентниот македонски пазар

Редакција

Светлана Грујовска на 60 години започна сопствен бизнис: Отворила сервис за професионално пеглање и перење

Редакција

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Петре Димитров