еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Пет повредени лица во сообраќајка на три возила на автопатот Тетово-Гостивар

Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила изутрината околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар. Сите пет повредени се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош.

-На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Играле ножеви во казино во Гостивар

Редакција

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар

Редакција

Скијачката сезона на Попова Шапка, започнува денеска

Редакција