Од Општината Карпош информираат дека во период од неколку дена, по втор пат, насилно се уништува спомен обележјето на Вера Циривири – Трена, во истоименото училиште во скопската населба Карпош 2.
„Пријавено е до МВР и до Крим техника. Овие вандалски чинови стануваат секојдневие и бараме итни санкции за сторителите.
Откако претходно бевме соочени со свесно уништување на урбаната опрема (реквизити на детски игралишта, клупи, корпи, столпчиња) сега се уништуваат и бистите по основните училишта.
Општината, во повеќе наврати има испратено и пријави до ПС Карпош. За жал, и ова е Карпош…“, велат од Општината.
Пред неколку дена во Скопје беше демолиран и споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз Македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена борец“.
Фото: Телма/Општина Карпош/Сител