еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) „Реплек“ на престижниот Саем за фармација во Барселона (CPHI)

„Реплек“ продолжува со активностите за зајакнување на пазарните позиции и промоција на фармацевтското портфолио, информираат од таму.

Годинава „Реплек АД“ повторно учествува на престижниот Саем за фармација (CPHI) во Барселона, каде има можност да ги унапреди своите позиции на странските пазари и да ја продлабочи соработката со останатите фармацевтски компании од светот.


„Нашето учество на Саемот е значајна можност да ги унапредиме веќе постоечките партнерства, како и да ги зацврстиме пазарните позиции и да го презентираме нашето портфолио. Наша стратешка цел е освојување на нови пазари, па оттука овие престижни фармацевтски случувања се од огромно значење.

Извозната стратегија, надополнета со континуирано зајакнување на производното портфолио, се покажа успешна, а најдобар показател за тоа се финансиските резултати во сегментот фармација од првите девет месеци за 2023 година, кои покажуваат 44% раст на приходите од продажба, а дури 52% раст на продажбата на странски пазари“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Дел од стратегијата за зајакнување на пазарните позиции и проширување на странски пазари на компанијата се и активностите за подобрување на конкурентноста на производите, преку иновативни решенија, промоција на производите и градење на одржливи партнерства.

Околу 82% од портфолиото на „Реплек“ се пласира на пазарите на повеќе од 20 земји во Европската Унија, Централна и Југоисточна Азија, како и регионот Адрија. Некои од производите од фармацевтската програма на компанијата се меѓу најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво.

Престижниот Саем за фармација CPHI постои од 1990 година и претставува централен настан кој ги обединува најголемите фармацевтски компании во светот, а секоја година се одржува на различна локација. Значајно е што, покрај можностите за промоција и презентација на производните портфолија на фармацевтските компании, овој настан овозможува и бизнис комуникација помеѓу учесниците во текот на целата година.

Тоа на компаниите им обезбедува можност за градење одржливи партнерства, нови пазарни можности, како и унапредување на квалитетот на производите. Настанот собира над 40.000 учесници и над 7.000 изложувачи и претставува можност за фармацевтските компании да ги претстават своите производи, како и да стекнат нови знаења од врвни експерти за унапредување на квалитетот на производите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кипар ја отстрани Македонија од листата на земји за патување на островот

Редакција

Само 6.257 активни случаи на Ковид-19: Нови 123 заболени од 2.598 тестирања

Редакција

На уапсените косовски полицајци им е одреден притвор и е започната истрага

Редакција