Штипскиот градоначалник Сашко Николов реанимирал жена на плажа на која и се слошило, а на која тој случајно се нашол. По укажаната прва помош, била повикана Брза помош, според која Николов дал инструкции за транспортот.
Информацијата е споделена на социјалните мрежи, но не е познато за која плажа станува збор.
Николов по професија е доктор, кардиохирург.
момчето ја смири целата ситуација на самата плажа и од она што го видов,на жената и се врати бојата на кожата на лицето.Кога добро го загледав момчето,видов дека станува збор за нашиот градоначалник Д-р Сашко Николов, кој несебично се впушти во спасување на животот на жената 2/4
— Сомнителен 🇲🇰🇪🇺 (@somnitelen69) July 25, 2021
а тој им посочи дека не треба да ракоплескаат туку да дадат поддршка за фамилијата на жената. Каков човек!!!
Среќа што на оваа плажа беше нашиот доктор, нашиот штипски градоначалник. #превземено од фб 4/4— Сомнителен 🇲🇰🇪🇺 (@somnitelen69) July 25, 2021
Фото: Фејсбук/Николов