еМагазин
Локално

(Фото) Скопје доби уште една галерија на урбана уметност

Во катната гаража „26-ти Јули“, вчера беше отворена Skopje street art & graffiti gallery 2, а Скопје доби уште едно ново урбано обележје.

Новата галерија ја разубавуваат дела на 13 домашни ликовни уметници и артисти од полето на урбаната уметност коишто твореа во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје.

На ѕидовите на катната гаража се наоѓаат делата на: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ и Тамара Забазноска.

Галеријата е дел од проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), кој претставува мрежа на 12 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје), а се реализира во рамките на програмата Креативна Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат скопјанец по сообраќајка меѓу „масерати“, „пунто“ и „астра“ на „Партизанска“

Редакција

Вработен олеснил казино во Гостивар

Редакција

Кривични пријави за двајца лихвари од Радовиш

Редакција