Springfield – брендот за облека во лежерен стил ја лансираше првата одржлива колекција за оваа есен која веќе е достапна во продавниците, како и на онлајн страната: e-shop.fashiongroup.com.mk/brend/springfield
Посветеноста кон животната средина е она за што се залага брендот за одржлив развој кој ги задоволува сегашните потреби без да ги компромитира оние на идната генерација.
Проектот R[ECO]NSIDER започнува со две конкретни иницијативи поврзани со употребата на органски влакна и завршните процеси на тексас материјалот.
Првиот процес е употребата на 100% органски памук, кој ги оптимизира ресурсите и суровините. Кошулите, џемперите, дуксерите и чино панталоните се категории каде што ќе ја пронајдете етикетата R[ECO]NSIDER.
Ласерските и озонските технологии се клучни во процесот на завршната обработка на џинсот, бидејќи претставуваат одлична заштеда на вода и енергија, истовремено елиминирајќи ги токсичните процеси за планетата. Оваа иницијатива го добива името H20 преку два методи: ласерски – сув процес на прилагодување на тексас материјалот без употреба на вода, а различните детали како „износен“ и „оштетен“ ефект се постигнати преку оваа постапка, и озонската технологија која се користи во фазата на перење и во која се постигнува финалниот тоналитет на парчињата во која се добива заштеда на вода и се елиминираат загадувачките производи како калиум перманганат, хлор и белило. Овие општествено одговорни методи му овозможуваат на брендот да создава одржлива тексас облека.
Преку оваа посветеност, Springfield веќе произведе повеќе од еден милион одржливи парчиња, кои заштедија 15 милиони литри вода.