еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Танц битка помеѓу 50 млади од студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ во Аеродром

Танцот отсекогаш бил значаен дел од човековата култура. Некои археолошки откритија покажуваат дека тој постоел во Индија пред 9.000 години и Египет пред 5.300 години.

Во модерно време, кога живееме динамично и брзо, кога исхраната не ни е секогаш на највисоко ниво и кога не сме активни физички, танцот е клучен, посебно кај младите.

Влијанието на танцот можеше да се воочи во саботата кога 50. млади од  студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ одлучија да одржат танц битка во Аеродром, пред Капитол мол.

Тие покажаа дека покрај физичките и здравствени придобивки танцувањето им помага да откријат нов јазик на меѓусебно разбирање. Тие се движеа и натпреваруваа меѓу себе исполнети со позитивна енергија и радост.

Самата битка преставуваше нов начин на комуникација каде преку ритам и музика ги срушија стравовите на јавен настап, се запознаа со нови лица, создадоа пријателства и разговараа меѓу себе.

„Танцот е еден од начините каде на детето му се овозможува да ја развие својата моторика, а во исто време да го активира мозокот преку учење на движења каде се развива логиката, памтењето преку движењата и имагинацијата и креативноста.

Преку движењата и музиката кај децата се надградува и емоционалната интелигенција, посебно преку тимската игра. Така се втемелува когнитивниот и психичкиот развој кој им помага на младите во формирање на нивната сопствена личност во понатамошниот раст и созревање“, вели Андријана Петковски од „Break a leg“.

„Натпреварите се многу важни за децата. Танцувањето пред публика, соочувањето со конкуренцијата на подиум  и дружење со истата надвор од подиумот се голема мотивација за напредок во танцувањето, а истовремено децата се соочуваат со чуствата како е да се биде најдобар, како е да се биде победен, па и последен и како да се носат со секоја победа и пораз, предизвици кои се дел од секојдневниот живот“, порачува Симона Веселиновска Карадаковска од „Eat the beat“.

„Комуникацијата игра голема улога кај децата, исто како и кај возрасните. Така се учиме да ги разбереме луѓето за работите што ги сакаат, што им требаат, кои се нивните соништа. Нашите млади си допишуваат и комуницираат преку екран и затоа тоа што го видовме на Танц битката беше одлично.

Така ги кршат бариерите, со танцот, и почнуваат да разговараат едни со други на поразличен начин, преку ритам и движења. Тоа е целосно нов јазик за нив и многу ми е драго што со толкав интерес го прават и што секој ден сѐ повеќе и повеќе деца доаѓаат во светот на танцот“, посочи Емилија Достинова од „Aqua Dance club“.

Танцот ќе се развива и оваа година се очекува да кулминира на „Dance off“ меѓународниот танц натпревар кој ќе се одржува на 15, 16 и 17 ноември во Скопје во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Редакција

Македонска филхармонија со кампања за да не се користат мобилните телефони на концерти

Редакција

(Фото) Суптилна заводливост и колоритот на Африка – модна ревија на Lisca за пролет/лето 2020

Редакција