Татјана Јанушева (16 години) од Велес е новото лице на престижниот американски моден магазин Pump. Фотосесијата беше направена летово на прекрасниот остров Санторини со модната фотографка Наташа Настова Панова.
Покрај големиот број на ангажмани во земјава на Јанушева ова и е прва насловна страница во светскиот моделинг. Таа веќе една година е дел од модната агенција „Моделс ИН“ кои пак планираат да ја пласираат многу брзо во интернационалниот моден свет.
„Ова е голем и значаен успех и за нас како агенција меѓутоа посебно за Тања зашто еден ваков фешн едиторијал многу значи за нејзиното портфолио. Јанушева е на почетокот на својата кариера меѓутоа со ваков старт, очекуваме многу брзо да го освои светскиот моделинг“, вели Алек Наумовски од „Моделс ИН“ за „еМагазин.мк“.
Some more photos published from #Santorini #photoshoot/Published work in magazine @Pumpmagazine cover photo thank you pumpmagazine/Model @janushevatanja from @modelsinmgmt/#Photography @