еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Кастриот Реџепи, Стојанче Ангелов, Бислимовски, Груевски… прошетаа на Вевчанскиот карневал, се протестираше и за Ѓоковиќ

Вевчанскиот карневал, традиционално на сатиричен и хумористичен начин и годинава ги отслика случувањата на политички, здравствен, економски и спортски план од минатата година, се делеа и „ковид сертификати“, се протестираше и за тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, а се копаа и биткоини.

На карневалот продефилираа и маски на пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, поранешните премиери Никола Груевски, Зоран Заев

„Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни“, порача градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Вечерва во склоп на карневалот настап ќе имаат македонските уметници Елена Јовчевска, Сања Ристеска, Дамјан Стојаноски и Перо Бели, а Новата година ќе се дочека со спектакуларен огномет.

Манифестацијата завршува утре, со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири медицински сестри позитивни на коронавирусот во Куманово

Редакција

Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата

Редакција

Убава вест: Оздравени 168 пациенти од Ковид-19, од Скопје 110

Редакција