еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото+видео) „Само да нема војна“: Стиховите на Балашевиќ на бојното поле во Украина

Стиховите на татко ми на уште едно бојно поле. За жал. Во Украина!, напиша на Инстаграм, синот на легендарниот Ѓорге Балашевиќ, Алекса.

“Преведено: „Само да нема војна, лудило меѓу луѓето.“ Ова не е ситуација во која гордоста е на прво или на второ место, ова е за жал ситуација кога гордоста е на последно место додека молитвата, помошта и тагата се на тронот.

Добив многу пораки кога татко ми отиде меѓу ѕвездите од цела источна Европа, потоа се надевав дека ќе продолжат да ми пишуваат за неговите љубовни песни, да ме прашуваат дали навистина постоел Божа Паб, но… Господе помогни“, пишува Aлекса и додава:

„Група на културно-уметничко друштво на словенската душа составена од нашите православни браќа Украинци, Белоруси и Руси од Источна Украина ни го испрати ова со наслов: „Нашата едноставна словенска душа“ на улиците на Мирноград, град во регионот Доњецк, каде ѓаволот ги пали своите кандила, но Бог наскоро ќе му ги изгасне…

Нема да се изненадиме кога ќе ни кажат дека еден дух лета над Крим, Одеса и Карпатите и сее мир, како што сееше каде и да отиде… „Спасибо братья! Мир во Украина“, напиша Алекса Балашевиќ.

Ве потсетуваме на песната на Балашевиќ:

Фото: Авалон продукција/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Ален Деребан, новиот заменик минстер за правда

Редакција

(Галерија) Штипско Angels Cafe како новогодишна бајка

Редакција

„Титаник“: Јанакиески му давал инструкции на претседателот на ДИК, Дерковски за изборите во 2011

Редакција