Во скопската Зоолошка градина пристигнаа пингвните, информираа на Фејсбук-страницата на Скопје ЗОО.
„Тие пополека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови зоо негуватели.
Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо.
Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен,“ се вели во објавата на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ЗОО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.