еМагазин
Балкан

(Фото) Вучиќ му додели орден на Курц, па му направи бифтек на скара

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера му врачи Орден на Република Србија, за заслуги во унапредувањето на односите со Србија и целиот регион на Западниот Балкан.

На гостинот, Вучиќ му направи и бифтек на скара, а го почести и со српски вина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вучиќ им зготви вечера на Заев и Рама во Словенија, им направи мангулица во леб

„Прекрасно попладне што јас и Себастијан Курц го поминуваме заедно. Инаку, денес му кажав на Себастијан дека за нас Србите најважно е да бидеме добри домаќини и дека нас најмногу може да не погоди кога некој од нашите гости вели дека тоа не сме.

За љубопитните, првото нешто што го подготвувам е бифтек, со најдобрите српски вина“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил, Будучност Србије.

Фото: Фејсбук/Инстаграм/Вучиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за патување со брод низ Грција, ќе Ви треба формулар, две дози вакцина или тест

Редакција

Нова демократија ги загуби Атина и Солун на локалните избори во Грција

Редакција

Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница

Редакција