еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Запленети стари монети вредни 2,3 милиони денари

Стари монети со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари се пронајдени во багаж на македонски државјанин кој преку Меѓународниот аеродром – Скопје требал да патува во САД.

Како што соопшти Царинската управа, монетите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

-На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот, на Меѓународниот аеродром во Скопје, на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД.

Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари, наведува Управата.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонци се, не се егејци, Аврамовска-Мадиќ

Редакција

Се продаваат делови од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“

Редакција

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Редакција