еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Зградата на МНР во боите на НАТО, по повод двегодишнината од членство во Алијансата

Зградата на Министерството за надворешни работи е во боите на НАТО во пресрет на одбележувањето на две годишнината од нашето членство во Алијансата.

Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, пишува министерот за надворешни работи, Бујар Османи на неговиот Фејсбук-профил.

„Северна Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики.

Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија во Украина и да го дадеме својот придонес за зачувување на светскиот мир и стабилност,“ напиша Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу заболени од Ковид-19 минатата недела биле на возраст од 30 до 39 години

Редакција

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, тоа е клучната порака од средбата со Мицкоски

Редакција

На Клиниката за кардиологија член на резервен тим со симптоми на корона вирусот

Редакција