еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Зградата на општина Велес стана енергетски ефикасна

Во зградата на Општина Велес комплетно се завршени активностите за вградување на котли на пелети, информираат од Општината.

Во котларницата на објектот е демонтирана старата опрема (3 котли на јаглен со пропратна арматура), монтирани се 2 котли на пелети со потребната автоматика и пропратна арматура, како и систем за филтрирање на гасови од котлите.

“Заради временските услови и грејната сезона, активностите се одвиваа етапно. При извршениот технички прием се утврди дека новопоставените котли беспрекорно функционираат. Истовремено со монтажата на опремата извршени и се потребните градежни активности во котларницата.

Котлите при воведување на идна гасификација може многу лесно да се пренаменат за користење на природен гас“, велат од Општината.

Средствата за реализација на мерката се обезбедени од буџетот на општината, во рамките на Програмата за заштита на животната средина и се во висина од 3.953.000 денари.

Фото: Општина Велес/duma.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ројтерс: ЕУ веќе не е усогласена за гаранциите за членство на шесте земји од Западен Балкан

Редакција

Од Ковид-19 минатата недела починале 9 лица

Редакција

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Редакција