Општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани вчера попладне беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени.
Поплавување имаше во селата Лажани, Дебреште и Житоше.
Најкритично беше во селото Лажани каде поголем дел од селото беше под вода, која навлезе во околу 50 куќи, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Градоначалникот на општина Долнени, Урим Ибески за МИА изјави дека нема повредени и оти причина за полавата е излевањето на Саждевска река.
-Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем број на куќи, рече градоначалникот.
Од селото беа евакуирани граѓани, кои вечерта ја поминаа кај роднини и пријатели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+Фото) Обилни врнежи во Тетово поплавија куќи, улици и предизвикаа излевање на канализацијата
МИА/еМагазин/фото: МИА