еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Французите не го сакаат Балканот и Македонија во ЕУ

Нова студија открива дека 59 отсто од Французите не гледаат со наклонетост кон пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ. Пред сè, испитувањето открива растечка недоверба кон блокот како целина, јави дописникот на МИА.

Преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија немаат започнато, со Црна Гора и Србија се во тек, додека Босна и Херцеговина и Косово се сметаат за потенцијални кандидати.

Иако сите овие земји се уште се на почеток на процесот за пристапување кон ЕУ, извештајот објавен од Фондацијата отворено општество покажува дека повеќе од половината Французи се против проширувањето на ЕУ во овој регион.

Притоа 49 отсто сметаат дека членството на Северна Македонија и Црна Гора, на пример, би било лошо. За Северна Македонија 25 отсто од испитаните рекле дека нејзиното членство би било добро, а додека 26 отсто се без мислење.

За Србија негативно мислење имаат дури 60 отсто од Французите, за Босна и Херцеговина 58 отсто, Албанија 60 отсто и Косово 65 отсто.

Студијата исто така посочува дека Турција добива 76 отсто негативни мислења.

-Балканот е малку жртвено јагне, оценува Себастијан Грикур, директор на опсерваторијата за Балканот на фондацијата „Жан Жорес“, кој учествуваше во оваа публикација.

Всушност, скоро секој четврти испитаник изјавил дека нивниот живот нема да биде многу под влијание, ако воопшто го зафати таквото проширување. Се чини дека негативниот став на Французите кон балканскиот регион на еден начин е поврзан со нивното мислење за европската институција како целина.

-Рефлексот што го имаат Французите за проширувањето е всушност рефлекс што го имаат за Европската Унија, вели Себастијан Грикур.

Французите се меѓу Европејците кои имаат најмалку доверба во ЕУ.

Студијата покажува дека 62 отсто од оние кои се за членството на Балканот имаа добар имиџ за ЕУ, додека повеќе од половината што не се согласија (55 отсто) имаа негативна слика.

Тоа сугерира дека француското непријателство не е насочено против Балканот, туку повеќе против институцијата.

Кога им беше прикажана мапата на Европа со актуелните земји-членки, „многу учесници беа изненадени што земјите од Западен Балкан веќе не се дел од ЕУ„, може да се прочита во извештајот.

Скопје и Тирана постигнаа напредок во споредба со нивните соседи. Сепак, Париз инсистираше да не се дава зелено светло на официјалните преговори за членство во ЕУ. Особено, француската влада се спротивстави на членството на Албанија, што имаше последици и врз Северна Македонија, и сега доведе и до бугарската блокада.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Мега грешка беше безусловното доделување на македонски јазик и идентитет на соседите, вели грчкиот министер за одбрана

Редакција

„Бапал“ го доби тендерот за чистење на Собранието вреден 191.000 евра

Редакција